Сончево и натпросечно топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и натпросечно топло време. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура изнесуваше два степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15.

Никола Ивановски

Leave a Reply