Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 11 ° С.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со налети на ветер од северен односно северозападен правец кои ќе достигнуваат и брзина до 35 километри на час. Максималната дневна температура ќе изнесува само 5 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на -5 степени целзиусови.
До средината на работната недела ќе се задржи променливо облачно повремено со подолги сончеви периоди. Во вторник на крајниот југозапад ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Во овој период ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер и утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата.
Од четврток ќе започне да дува претежно југоисточен ветер, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Изгледи за нови врнежи има за крајот на следниот викенд.