Сончево до умерено облачно со температури до 15 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максимална температура од 8 до 15 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 9 степени целзиусови, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти на 1 степен во негатива.

Утре ќе имаме претежно сончево време, претпладне со услови за појава на слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти од -3 до 3, а дневната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Во деновите од викендот ќе има повремено зголемување на облачноста.