Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Минималната температура ќе достигне само 7 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 20 степени целзиусови.
Сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд, ќе биде времето во следните денови.
Како што појаснуваат од УХМР, ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Никола Ивановски