Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе бидат во итнервал од 16 до 21 степен,
Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со сосема слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 15 степени, а истата во текот на ноќта ќе се спушти на 2 степени целзиусови.
В петок облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови температурата на воздухот на некои места особено во Малешевскиот реѓион и во западните делови на земјава има услови да се спушти под нулата.
Нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на неделава и почетокот на наредната недела.