Сонцето снимено од најголема близина досега: Забележан и мистериозен феномен (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Снимени се досега најблиските фотографии на Сонцето, од оддалеченост од околу 77 милиони километри.

Loading...

Најблиските снимки досега се резултат на сончевата орбитарна сонда на Европската вселенска агенција (Соло), која беше лансирана претходно оваа година.

Сондата успеа да сними мини блесоци наречени „камперски оган“. Тие се милионитиот дел од гигантските факели на Сонцето што можат да се видат со копнени телескопи.

„Засега е нејасно дали овие минијатурни верзии имаат исти механизми“, рече Дејвид Лонг, водечки истражувач во Соло.

 

 

Ракета со сателит на Европската вселенска агенција беше лансирана во февруари од Кејп Канаверал. Неговата мисија е да ги открие тајните на динамичното однесување на Сонцето.

Loading...

Сончевите емисии не само што обезбедуваат светлина и значително влијаат на Земјата.

Честичките во магнетно поле често ја нарушуваат работата со сателитите, електрониката и радио комуникацијата.

Leave a Reply