Регионалниот одбор на Сојузот на борци од Куманово и годинава традиционално ќе го одбележи денот на загинувањето на козјачкиот херој Христијан Тодоровски Карпош. Членовите на сојузот ќе го посетат неговиот дом каде со положување свежо цвеќе ќе му одадат почит на Карпош.
Освен тоа организираме и една делегација која ќе појде на самото место каде што е загинат Христијан Тодоровски Карпош, а тоа е во селото Биљача, во дворот на училиштетот каде постои биста и исто пред бистата ќе положиме свежно цвеќе, ќе одадеме почит и заслужена благодарност на херојот и ќе одржиме пригоден говор. Ние нема да дозволиме никогаш овие настани, јас секогаш кога сум зборел сум напоменувал дека ние помладит емора да ја продолжиме оваа традиција, бидејќи имаме голема обврска и аманет од нашите претходници дека оваа стекната слобода која е стекната со жртви кои се дадени за оваа слобода која ние ја уживаме денеска и сме должни да презимаме се во рамките на нашите можности да ја сочуваме таа слобода и да ја сочуваме Република Македонија, бидејќи ние резевна држава немаме – изјави Благе Јакимовски, претседател на РО на Сојуз на борци Куманово.

