Софтвер на вештачка интелигенција напиша есеј за себе

Сподели со своите пријатели

Софтверот заснован на принципот на вештачка интелигенција (ВИ) успешно „напиша“ цел есеј за себе, шведската научничка Алмира Османовиќ Тунстром ги објави резултатите од најновото достигнување во областа на подобрување на вештачката интелигенција, објавија шведските медиуми.

Loading...

За време на последниот експеримент во проучувањето и подобрувањето на програмата за вештачка интелигенција наречена GPT-3, научниците поднесоа барање програмата да напише есеј за себе од вкупно 500 карактери, користејќи цитати и научни референци, пренесува Танјуг.

Резултатот од експериментот предизвика голема љубопитност кај научниците ширум светот, бидејќи софтверот можеше да напише есеј за помалку од два часа, што научниците го карактеризираа како „повеќе од успешен“.

„Вистински феномен на природата“

Експериментот ја отвори „Пандорината кутија“ за понатамошни истражувања на полето на вештачката интелигенција, додека прашањето за достигнување свест на ниво на вештачка интелигенција сега изгледа сè поверојатно. Меѓутоа, сега овде се поставуваат многу етички прашања кога станува збор за понатамошни истражувања.

„Она што се случи е вистински природен феномен. Се поставува прашањето какви дилеми ќе предизвика оваа технологија и како ќе успееме сето тоа да го решиме. Сè што знаеме е дека отворивме сосема ново научно поле“, рече Османовиќ Танстром.

Вештачката интелигенција претставува една од најмистериозните области во областа на компјутерските системи. Целта за создавање на т.н вештачката интелигенција го претставува стремежот на научниците да создадат програми (софтвер) кои ќе имаат принцип на функционирање сличен на човечкото размислување.