Социјалната мрежа Телеграм суспендирана во Бразил

Сподели со своите пријатели

Судот во Бразил нареди суспензија на мрежата Телеграм на национално ниво, откако услугата за пораки не им достави на властите информации за неонацистичките групи активни на платформата.

Loading...

Агенцијата Франс прес ја доби оваа информација од извори во бразилската влада и судството.

Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, беше наредено суспендирање на Телеграм, со оглед дека оваа мрежа не одговори на барањата“, изјави на прес-конференцијата министерот за правда Флавио Дино.