Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово по повод 27. роденден организираше хуманитарна акција за петчлено семејство од кумановско.
По повод 27-от роденден на Социјалдемократската младина на Македонија, СДММ Куманово како подмладок на политичка партија која што почива врз принципите на солидарност, хуманитарност и социјална правичност организираше хуманитарна акција во рамките на која посетивме пет члено социјално загрозено семејство и дониравме помош во вид на прехранбени продукти и облека. Увидувајќи ја нивната тешка состојба, СДММ Куманово веќе од понеделник ќе се обиде да обезбеди донации во вид на кебиња, покривки, неопходни технички уреди, мебел и варосување на просториите во кои што престојуваат, стои во соопштението на младинскиот огранок на партијата.
Од таму потенцираат дека Владата на Република Македонија предводена од СДСМ и коалицијата ја зголеми социјалната помош за 300% со што во значителна мера допринесе за зголемување на животниот стандард на најзагрозените членови на нашето општество.
Во оваа прилика, на сите граѓани на Општина Куманово им го честитаме претстојниот празник на градот „11 Ноември“ 74 години слободно Куманово, додаваат од СДММ Куманово.