Собранието пресече: Ќе се снима обуката во автошколите

Сподели со своите пријатели

Авто-школите кои вршат практична настава со своите возила кои ги припремаат кандидатите за полагање на возачкиот испит ќе мора да ги опремат со камери кои ќе вршат снимање на целиот практичен процес.

Доколку законските одредби не бидат испочитувани следуваат енормни глоби во износ од 5.000 евра на автошколата, додека одговорните лица кои ќе постапат спротивно од одредбата ќе добијат казна 30% од одмерената глоба за автошколата.

Според член 233 од законот, возилата за обука треба да бидат опремени со соодветен уред-камера со двострано снимање со сопствен извор на напојување кое овозможува видео и аудио запис со можност за архивирање и документирање на снимените податоци.Истите треба да се чуваат и во автошколата 90 дена од денот на издавањето на потврдата за оспособеност на кандидатот за возач. Во случај кога се врши оспособување кандидати за возачи за управување со возило со автоматски менувач, автошколата мора да има најмалку едно возило со автоматски менувач во сопственост на авто школата или под закуп опремено со соодветна камера.

Дополнителен проблем е тоа што камерите ќе го следат и времетраењето на работата на инструкторот бидејќи новиот закон предвидува дека возачот-инструктор во автошколата не смее непрекинато повеќе од два часа да врши оспособување за практично управување со возило, а вкупно со прекините за одмор најдолго девет часа во текот на едно деноноќие.