Собрани над 700.000 потписи за номинација на Лукашенко за претседател

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека собрал повеќе од 700.000 потписи за негова номинација на претседателските избори.

Loading...

Според изборниот закон на Белорусија, за да се регистрирате како кандидат, треба да се соберат најмалку 100.000 потписи за поддршка.

Групите за поддршка на претседателските кандидати ќе имаат рок до 6 декември да соберат потписи, објави Белта.

Покрај актуелниот претседател, на претседателските избори учествуваат уште четворица кандидати: лидерите на три политички партии – Олег Гајдукевич од Либерално-демократската партија, Сергеј Сиранков од Комунистичката партија, Александар Хижњак од Републиканската партија на трудот и правдата, како и поранешната претседателска кандидатка од изборите во 2020 година, Ана Канопатскаја, пренесе Танјуг.

Неколку дена по почетокот на собирањето потписи, од претседателската трка се повлекоа Олга Чемоданова, која беше кандидат на Белоруската унија на жени, како и Сергеј Бобриков, претседателот на белорускиот сојуз на офицери, објави Спутник.