Соборени температурни рекорди во Унгарија

Сподели со своите пријатели

Температурните рекорди беа срушени во Унгарија во неделата и понеделникот, кога дневните температури надминаа 10 степени целзиусови, објави националната метеоролошка служба ХунгароМет.

Loading...

Две метеоролошки станици во понеделникот забележаа 17 степени, со што го урнаа претходниот рекорд на температура од 16,8 степени, забележан во 1936 година, јави МТИ.

Во Будимпешта, метеоролошката станица во понеделникот забележа 14,2 степени, соборувајќи го рекордот од 13 степени во Будимпешта, поставен во 1936 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: До 2050 година бројот на нови случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто