Собораќајка кај Габреш, затворен патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Loading...

Според Секторот за внатрешни работи Куманово во 13:12 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода кај селото Габреш меѓу патничко и товарно моторно возило.

– Сообраќајот е во прекин и сѐ уште се врши увид на терен, велат од СВР Куманово, од каде повеќе детали најавија за во текот на денот.

Никола Ивановски