Со закана од пиштол одзел пари од брокерско друштво во Куманово

Сподели со своите пријатели

Маскиран разбојник под закана со пиштол деенска по 13:30 часот украл пари од брокерско друштво лоцирано на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Loading...

Информацијата ја потврдуваат и од СВР Куманово, од каде велат дека случајот бил пријавен од вработеното лице во дуќанот, по што полициски службеници излегле на терен.

Се трага по сторителот, велат од кумановската полиција, од каде повеќе детали најавија по завршување на увидот.

Никола Ивановски

Leave a Reply