Со возила им го попречиле патот па натепале двајца кумановци

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци биле нападнати викендов од група луѓе кои првин со две возила им го попречиле патот.

– На 21.03.2026 во 19:21 часот во СВР Куманово А.О. (24) од Куманово пријави дека на улицата „Индустриска” во Куманово две возила му го попречиле патот и неколку лица со тврди предмети го нападнале него и А.А. (24) од Куманово, при што му го оштетиле и возилото, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се вратат ли повисоките температури?