Четириесет и петогидшник од липковско бил приведен бидејќи со истрел од воздушна пушка го погодил својот пријател.
– На 09.12.2025 во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(45) од с.Опае, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пројавеното, на ул.„Карл Маркс“ во Куманово, пријавениот со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател Б.Ш.(53) од Куманово и му нанел тешки телесни повреди.
– Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

