Промената на времето, наглиот пораст на температурите и претерано солената храна се главни виновници за отекувањето на нозете.
За да ги ублажите тегобите, бидете физички поактивни, советуваат стручњаците. Занимавањето со спорт има повеќекратно позитивно влијание затоа што стимулира наизменично затегање и истегање на мускулите и истовремено ја поттикнува циркулацијата.
Но пред да почнете да се занимавате со спорт, задолжително посоветувајте се со лекар доколку имате сериозни здравствени тегоби.
Пешачењето, пилатесот и пливањето се победничко трио. Најдобро е да одите по рамен, тревнат или песковит терен или по благо стрмен терен за да се потпирате колку што е можно повеќе на петата и за да ги зајакнете мускулите на листовите.
Од друга страна, пилатес вежбите ги јакнат мускулите на нјозете, а со правилно дишење додека ги изведувате тие вежби го поттикнувате движењето на крвта кон срцето.
Исто така, и пливањето може да биде многу корисни. Имено, отпорот на водата делува како хидромасажа и го поттикнува дренирањето на лимфните жлезди.
Возењето на велосипед и вежбите на „степер“ се подеднакво делотворни. Додека возите велосипед, го стимулирате протокот на крв низ вените, но потрудете се да го наместите седиштето такашто петата ќе ви биде колку што е можно поистегната кон тлото додека ги вртите педалите.
И „степерот“ е многу корисен за оние кои имаат проблеми со циркулацијата, затоа што додека вежбате на него, изведувате движења со нозете кои го спречуваат задржувањето на крвта на нивото на зглобовите.