Со велосипедска трка одбележана Неделата на европска мобилност (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со волосипедска трка која денеска се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“ во која учествуваат околу педесетина деца од неколку основни училишта од Куманово беше одбележана Неделата на европска мобилност.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”418″]

 

Целта на оваа трка, како што истакна градоначалникот Зоран Дамјановски е да се промовира пешачењето и велосипедизмот и на тој начин да се стимулираат граѓаните оваа превозно средство да се користи почесто.

Куманово не е нешто препознатливо по некој значителен број велосипедски патеки, но баш оваа улица и соседната има можност за практиквуање на ваков тип ан сообраќај. Велосипедизмот е нешто во подем и на овој начин апелираме до граѓаните место превозни средства кои ја загадуваат животната средина да ги користат овие превозни средства – рече Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Министерството за екологија, заедно со Одделението за животна средина, Секторот за образование и Сојуз на спортови на град Куманово ја поддржаа денешната манифестација.

Победник беше Кристијан Максимовски, ученик од Основното општинско училиште „Кочо Рацин“, кој инаку редовно се занимава со велосипедизам.

Веќе три години се занимавам професионално со велосипедизмот. Се натпреварувам на многу потешки натпревари, така да ова беше лесно, а дневно возам по 70-80 километри – вели Максимовски.

 

Основците се свесни за потребата од употребата на оваа превозно средство и апелираат на училиште да се оди со велосипед наместо со друго превозно средство.

 

Loading...

 

Според нив убаво е да се организираат вакви манифестации, да се дружат учениците и да се спортува.