Со ваучери за шопинг ги мотивираат бремените жени да се откажат од цигарите

Сподели со своите пријатели

Бремените жени во Англија би можеле да добијат ваучери за набавки во вредност од 460 евра доколку остават цигари. Имено, Институтот за јавно здравје објави дека финансиски сака да ги охрабри бремените жени кои конзумираат цигари да престанат со таа навика.

Loading...

Тие велат дека упатствата се отворени за консултации, но додаваат дека студиите покажале дека „стимулациите за ваучер се прифатливи за многу бремени жени и даватели на здравствени услуги“ и веќе се користат во некои региони.

 

 

Експертите посочуваат дека жените ќе мора да подлежат на тестирање за да докажат дека навистина се откажале од цигарите, пред да ги земат ваучерите. Сепак, тие наведуваат дека, во случај тестирањето да биде тешко поради пандемијата, ваучерите сепак ќе бидат распределени.

Истражувањата покажуваат дека од 1.000 жени, 177 би оставиле цигари доколку добијат ваучери.

Новите упатства исто така имплицираат дека здравствените работници треба да обезбедат јасни и ажурирани информации за електронските цигари на луѓето кои се заинтересирани да ги користат за да се откажат од пушењето, но дека треба да се нагласи дека долгорочните здравствени ефекти се уште не се сигурни.

Loading...

 

 

Експертите велат дека е познато дека околу 10 проценти од жените конзумираат цигари за време на породувањето, а со оглед на последиците што ги имаат и мајката и бебето поради ова, треба да се стори се за бремените жени да остават цигари.

– Треба да го користиме секое оружје во нашиот арсенал за да го намалиме бројот на пушачи, како што се образованието, поддршката, финансиската мотивација и електронските цигари, ако луѓето сакаат да ги користат – објаснуваат експертите.

 

Leave a Reply