Со ваучер систем спортските клубови ќе добиваат помош од бизнис секторот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со ваучер систем на донации спортските клубови ќе добиваат финансиски средства од компаниите, кои пак ќе имаат можност да го искористат Законот за даночно ослободување од данок на добивка, најави денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на трибината која на иста маса ги седна спортските работници од Куманово, приватниот сектор, Агенцијата и Управата за јавни приходи.

 

Loading...

 

Како што посочи Каевски целта е рамномерно да се распределат донациите во клубовите, а не како досега парите да завршуваат само во најголемите клубови.

– Ќе се направат четири категории на спортови и спортски клубови, каде на секој спортски клуб ќе му биде даден ваучер потпишан од министерот за финансии каде што клубот, челникот на клубот може да отиде до првата приватна компанија која остварува одредена добивка, да го депонира ваучерот и да добие средства во вредност на истиот. Или ако ваучерот е 100 денари, клубот може да го даде на приватната компанија и да зеде 100 денари, а притоа на крајот од годината кога ќе се плаќа данок да добивка, фирмата го депонира ваучерот во Управата за јавни приходи и на тој начин се покрива во однос на данокот, рече Каевски.

 

 

Четириесет отсто ослободување од данок ќе има за компании кои ќе помогнат на олимписките спортови, 50% за фудбалот, 35% за индивидуални и 5% за неолимписки спортови. Меѓутоа за да се добијат бенефициите ќе треба да се исполнат повеќе услови од страна на клубовите и компаниите.

 

Loading...

 

Според Мухидин Авдиќ од Управата за јавни приходи овозможени се два типа на даночни потикнувања, согласно Закон за донации и спозорства во јавни дејности и Закон за данок а добивка.

– Мора да има договор за донаци или спонзорство. Многу е важно во целата оваа постапка да се има решение за подведување на јавен интерес на донација и спонзорство. Оваа решение се добива од Министерството за правда и давателот на донацијата за да го користи правото за даночни олеснувања мора да го има ова решение. На крајот се издава потврда за донацијата. Даночен обврзник кој донирал средства на правно лице, износот во дадената година му се планир како расход во износ од 5% од вкупниот приход, а кај спонзорство процентот на признавање во висина од 3 отсто од вкупен приход, рече Авдиќ.

 

 

Средствата како што посочи Авдиќ се уплатуваат на посебна наменска сметка и тие мора да се користат само за спортски намени. Педесет отсто се олеснувањата а фудбалот, по 40% за кошарка и ракомет, а по 35 за останатите.

– За остварување на оваа право спортските клубови треба да се натпреваруваат во национален систем на натпревари каде ќе има натпреварувања во организирана лига и регистрирана активна младинска школа. Правно лице кое ќе донира финансиски средства на најмногу еден спортси клуб кој не учествува во организиран лига му се намалува пресметаниот данок на добивка во износ на донацијата со пет отсто од данокот, додаде Авдиќ.

 

 

Проблем се јавува единствено со атлетските клубови кои немаат национален систем на натпреварувања, па за нив олеснувањата се значително помали.

Како што рече директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, посебен приоритет ќе се даде на спортистите и спортските клубови затоа што тие снајдобрит репрезенти на државата.

– Имаме предобра соработка и со директорот на Агенцијата за млади и спорт направивме неколку состаноци под закрила на премиерот, сите претставници на федерациите беа таму и си дадовме соодветни насоки за понатамошно постапување со цел да излеземе во пресрет и да го фатиме позитивниот правец во работењето. Дел од приоритетите на Владата беше да се унапреди спортот, а за сметка на тоа да направи можнот за сатисфакција кај сите компании кои сакаат да помогнат за развој и унапредување на спортот, рече Лукаревска.

 

Loading...

 

Според градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски локалната самоуправа има обвска да се занимава со развој на спортот, односно училишниот спорт, а за да се помогне на спортските клубови се крати од капиталните инвестиции, затоа што во изминатите 13 години, како што вели, централната власт немаше слух за спортот во Куманово.

– Со доаѓање на оваа администрација, се обидов нешто да променам, во минатото беше привилегија одредени спортски клубови да се финансираат, сакам во следниот период да ги дисперзираме средствата од нашите даночни обврзници со цел да ги насочиме нашите најмали кон спортот со цел да сеизбегнат овие непосакувани девијантни појави кои се случуваат во општеството, младите ни се цел ден на телефон или компјутер, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Во текот на 2017 година од приватни компании како спонзорства и донации во спортските клубови отишле 2,5 милиони евра, меѓутоа најголем дел од парите завршиле во мал број од поголемите клубови.

Leave a Reply