Родителите се надеваат дека децата ќе ги потикнат на тоа да заработуваат и имаат свои пари така што ќе им даваат пари кога ќе им затреба, а со тоа само доаѓа до контраефект, предупредуваат научниците.
Истражувањето кое го спровеле Универзитетот Њукастл и „Youth Employment“ покажало дека децата на родители кои имаат добри позиции и плати се помалку амбициозни. Но, поентата на истражувањето не била да се обесхрабрат родителите во помагањето на своите деца.
– Истражувањето укажа на тоа колку семејството е важно и колку скромната парична поддршка од родителите е добра за напредокот над ецата, рекла Лаура Џејн Ролиг, директорката на „Youth Employment“.
Истражувањето укажало на тоа дека младите кои зависат од родителит епретставуваат полоша генерација затоа што потешко се вработуваат, немаат ниту еден час работно искуство, потешко се одлучуваат за професијата со која ќе се занимаваат поради што повеќе бираат да зависат од родителите.
Многу се уште живеат со своите родилите или морале да се вратат дома.