Со туѓи документи се обиделе да преминат на Табановце

Сподели со своите пријатели

Двајца државјани на Косово вчеравечер биле приведени откако се обиделе да преминат на Граничниот премин Табановце со туѓи патни исправи.

Loading...

– На 16.03.2021 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги привеле Р.В.(27) и К.А.(30), двајцата од Р.Косово, бидејќи при пасошка контрола тие дале на увид туѓи патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply