Со тројката на Живановиќ, КК Куманово до победа над Работнички (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово попладнево на домашен терен впишаа втора победа во Супер лигата, откако со резултат 79:77 го совладаа составот на Работнички.

 

Loading...

 

Од самиот старт сино-белите имаа водство пред гостинската екипа, меѓутоа мал пад на концентрацијата и кошаркарите на Работнички ја стопија разликата па првата четвртина заврши со резултат 21:20 за Куманово.

 

 

Во продолжение целиот меч помина со скоро израмнет резултат, на моменти водеа гостите, на моменти домаќините, но никој не попушташе. Добрата игра и на двата состави не дозволи поголемо водство на мечот. Неколку секунди пред крајот иако водството беше за гостинскиот состав, сепак сино-белите со помошта на публиката се вратија во нивен стил. Секунди пред звукот на сирената, српскиот интернационалец Стефан Живановиќ со тројка им ја донесе победата на своите соиграчи и ги израдува сите присутни на трибините.

 

Loading...

 

Семафорот означи 79:77 за домашниот состав и втора победа по ред за екипата на Куманово, по неколкуте несреќни порази од стартот на Супер лигата и од последното место се искачи на 5та позиција во табелата со ист број поени како и четврторангираниот Кожув.

 

 

Следниот меч го играат на гостински терен против составот на Карпош Соколи следната сабота со почеток во 18 часот. Во меѓувреме во вторник сино-белите ги очекува големото БИБЛ финале, каде треба да бркаат негатива од 29 поени против бугарскиот Берое, за да го подигнат шампионскиот пехар.