Со три милиони евра ќе се реконтструира Спортската сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно три милиони евра ќе чини инвестицијата за обнова на Спортската сала во Куманово, најави на социјалните мрежи претседателотна ВМРО-ДПМНЕ; Никола Груевски.

Продолжуваме со вложување во спортската инфраструктура низ државата. Станува збор за еден голем објект и спортска сала која во минатото била сведок на многу спортски манифестации, а ја користат многу млади. Неодговорноста на локалната власт во процесот на одржување доведе до нејзино целосно распаѓање. Градоначалникот Зоран Дамјановски иако имаше можност да аплицира за финансиска помош за обнова тоа не го стори никогаш, па решивме на своја волја да вложиме три милиони евра и објектот да добие целосен нов лик – вели Груевски на својот „Фејсбук“ профил.

Спортскиот објект е изграден пред скоро 40 години како подарок на градот од компанијата „Искра“, има капацитет од седум илјади седишта, но со години се распаѓаше. Финансиска интевенција во проектот најавија и од Општина Куманово.

Сојузот на спортови и јас како градоначалник лично се заложивме за обнова на оваа спортско здание и решивме кон трите милиони евра од централната власт да додадеме дополнителни 200.000 евра и од следната сезона да имаме едно велелепно здание кое допрва ќе биде сведок на многу спортски успеси во градот Куманово. Централната власт со години немаше слух за градот и овој објект. Редно е после толку години власт на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Груевски да направат нешто и за овој град. Ние се трудевме да добиеме средства од Европската бнака за обнова и развој меѓутоа Владата на Груевски го кочеше целиот проект – изјави Зоран Дамјановски, грдоначалник на Општина Куманово.

Објектот освен спортски терен кој ќе биде од повеќенаменски карактер, ќе има и фитнес сала, теретана, сауна, боксерска сала, ќе се затоплува на природен гас, а целата реконструкција се очекува да заврши до почетокот на следната спортска сезона.

 

Loading...
АПРИЛИЛИЛИ!!!! 🙁 Ликови не су измислени и свака случајност е намерна.