Со низа спортски активности денеска се одбележува Денот на народното востание на Република Македонија, „11 Октомври“.
Турнири во тенис, пинг-понг и одбојка се манифестациите на кои денеска учествуваат неколку екипи, како од Куманово, така и од другите градови и држави.
Спортските настани се во организација на Општинскиот сојуз на спортови, а како што истакна претседателот Сашо Петрушевски ова е традиција која се негува со години.
– Организирани се низа манифестации, со тоа што веќе во утринските часови е почнат турнирот во пинг понг, исто така сведоци сме на овој настан каде двата тениски клуба организираа натпреварување во тенис, од најмлади категории до сениори, со тоа што имавме оргнаизирано и атлетски митинг на осми, се одржа успешен атлетски митинг каде најмладите и сениорите се натпреваруваа успешно и во 11 часот има организирано турнир во одбојка каде што кумановските одбојкарки кои се освојувачи на куп и државни првенки во Република Македонија ќе организираат заедно со општинскиот сојуз на спортови каде што ќе има четири екипи, вели Петрушевски.
Освен тениските турнири каде покрај двата клубови Тумба и Куманово, организираа повеќе натпревари со гости од Струмица.