Со сослушување заштитени сведоци продолжува процесот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Денеска во Кривичниот суд зад затворени врати продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ за случувањата од мај минатата година во кумановската населба Тоде Мендол.

Денес сведочат заштитени сведоци, односно полициски службеници кои биле дел од вооружените дејствија минатата година.

Претходно во Судот беа читани исказите на сведоците кои веќе беа дадени на главната расправа за предметот „Дива Населба“, пред да биде споен со предметот „Молња“ за обвинетите за логистичка поддршка на кумановската група.

Сега групата што седи на обвинителна клупа за овој случај брои 37 членови, откако кон „Диво насеље“  беше споен случајот „Молња“ во коај се теретат лица за логистичка поддршка, но и откако минатата недела Сулејман Османи беше естрадиран од Косово, а кој на полициските службеници им избега во Гошинце.