Со солзавец во парламентот изгласана демаркацијата на Косово и Црна Гора (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пратениците од косовското собрание го изгласаа договорот за демаркација со Црна Гора, но претходно седницата беше прекината поради солзавец.

 

Loading...

 

Во текот на денот, пратениците од Самоопределување во четири наврати фрлија солзавец во пленарната сала, обидувајќи се да го спреча гласањето.

Седум пратеници од движењето Самоопределување се приведени, додека шест се исклучени од понатамошната работа на Собранието.

 

 

Договорот за демаркација е потпишан пред две и пол години во Виена, а денеска беше четвртиот обид на парламентот да ја изгласа неговата ратифација.

За гласањето биле потребни две третини од гласовите на пратениците односно 80 од вкупно 120.

 

Loading...

 

Фрлањето на солзавец го осуди и косовскиот претседател Хашим Тачи, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претставници на абасадите.

Фотографиите и снимките од косовскиот парламент ги објавија сите светски медиуми.

https://www.facebook.com/TheIndependentOnline/videos/10155869579211636/

Leave a Reply