Со само една одлука Трамп ги урна американските берзи

Сподели со своите пријатели

Индексите на Волстрит бележат големи загуби откако администрацијата на Трамп воведе даноци за увоз на стока од Кина и ограничувања на кинеските инвестиции.

Кинеската влада соопшти дека ќе се брани па инвеститорите стравуваат од тензии помеѓу двете најголеми светски стопанства. Американските индустриски и технолошки компании бележат дел од најголемите загуби, додека европските индекси завршија длабоко во црвено.

Индексот Дау Џонс е во минус еден отсто, Стандард и пурс 500 од 1,3 отсто, а Насдак од еден отсто.

Во Европа германскиот DAX падна за 1,7 отсто, францускиот CAC 40 падна за 1,4 отсто, додека британскиот FTSE 100 за 1,2 отсто.

На истокот претходно Најк бележи раст од еден отсто, јужнокорејскиот Коспки од 0,4 отсто, додека Ханг Сенг од Хонг Конг падна за 1,3 отсто, а шангајскиот композитен индекс за половина процент.

По најавата на администрацијата на Трамп дека ќе воведе ограничувања на кинеските инвестиции и даноци на околу 48 милијарди долари вредниот увоз од Кина, индексите паднаа како по претходните најави на даноци за челик и алуминиум.

Цените на нафтата се во пад. Вредноста од референтната американска нафта според податоците на Блумберг падна за 1,07 отсто на 64,47 долари по барел, додека нафтата на Бренг за 0,63% односно на 69,03 долари по барел.

https://www.facebook.com/WVTM13/videos/10156271599224521/

Loading...

Leave a Reply