Во воздушните напади кои САД, Британија и Франција ноќва ги изведоа во Сирија, сириските сили употребија систем за воздушна одбрана произведен во Советскиот сојуз Ѕ-125, Ѕ-200, „Бук“ и „Квадрат“, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Овие системи за воздушна одбрана произведени се во СССР пред повеќе од 30 години, се наведува во соопштението.
Трите земји од западот ноќва изведоа воздушни удари врз Сирија, во кои е погодена и воздушна база западно од Дамаск, во близина на границата со Либан.
Loading...