Со продавање на својот измет можете да заработите и до 10.000 евра (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Австралискиот центар за дигестивни болести бара луѓе со здрава столица за да можат да извршат трансплантација на микроорганизми од нивните фекалии и на тој начин да им помогнат на луѓето со медицински проблеми, а најдоброто од се е што за тоа плаќаат.
Главен услов е столицата да биде совршено здрава, а потенцијалниот донор во исхраната не смее да користи пченка, шунка, колбаси, школки и антибиотици. Уште еден од условите е донорот да живее релативно близу, т.е. да е одалечен најмногу еден час од центарот, затоа што фекалиите мора да бидат „свежи“, пренесува Дејли Телеграф.
Како што стојат работите, побарувачката е навистина голема, а листата донори се уште е многу мала и не ги задоволува потребите кои ги има центарот. Поради тоа, овој центар одлучил да им плати на луѓето кои се подготвени да донираат измет и тоа 40 евра по една испорака, а со оглед дека испораките се примаат пет дена во неделата, поединците би можеле да заработат и до 10.500 евра годишно.
Микроорганизмите од столицата можат со помош на цела низа медицински проблеми, меѓу кои и мултипла склероза и хронична дијареја, па затоа не изненадува што лекарите на ваков начин ги мотивираат луѓето да донираат фекалии.