Со претставата „Странци“ утре започнува фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово започнува 22. издание на Меѓуанродниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој годинава ќе трае 15 дена.

Loading...

Станува збор за дело од италијанскиот автор Паоло Геновезе, а како режисер се потпишува Нела Витошевиќ.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Претставата започнува во 20 часот, како и сите 12 останати кои годинава ќе бидат на репертоарот на фестивалот.

Билетите за сите претстави се скоро распродадени, а за претставите „Бегалка“ на кумановскиот театар и „Школо за љубовници“ веќе се закажани и првите репризи поради огромниот интерес.

Leave a Reply