Со премиера на „Сакатиот од Инишман“, Театар Куманово ја затвора годината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово утре, со почеток од 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Сакатиот од Инишман“, со што официјално ќе ја заокружи театарската 2024 година.

Станува збор за драмско дело на ирскиот драматург Мартин Мекдона, поставено на малата сцена, во режија на Јане Спасиќ.

 

 

Актерот Никица Јанковски, кој во претставата го толкува ликот на Баркли, истакна дека публиката ќе има можност да види силна и слоевита театарска приказна.

– Прекрасен лик кој со другите ликови некако е заглавен зад вечната тема на суровост и хуморот. Направивме една прекрасна претстава која ќе го збогати Театар Куманово со уште една премиера. Театар Куманово го има најдобриот ансабмл затоа што ќе направиме претстава која ќе живее долго. На малата сцена ќе ги видите ликовите на Ајлин, Баркли и другите колеги, изјави Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши новогодишното украсување на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Со емотивен осврт за својот лик настапи и актерката Владанка Крстевски, која во претставата игра 89-годишна жена, улога што, како што рече, била голем предизвик.

„Прв пат во животот играм лик кој има 89 години, стара пијана баба. Пред се голмо благодарам на Јане што ми го даде овој лик, бидејќи за ене беше шок на првата проба што треба да играм нешто толку старо и со искуство, животно искуство пред се, но целиот процес беше предизвик и мислам дека созреав со улогата преку еден интересен процес на осознавање и гледање на постари луѓе околу мене и мислам дека трансформацијата што ја доживеав преку овој лик е нешто што ќе ми служи за наредните креации, изјави таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре на улицата „Тоде Мендол“

 

 

Актерката Кети Дончевска Илиќ потенцираше дека делото на Мартин Мекдона носи специфична енергија и автентичност, но истовремено отвора теми кои се блиски и препознатливи за домашната публика.

– Се работи за еден мал остров во Ирска, каде постои мала група на луѓе кои функционираат на чуден начин меѓу себе… Нивниот живот е толку испреплетен, функционираат беспрекорно, се навредуваат, се сакаат, се обидуваат да бидат добри едни за други, но некогаш излегува дека не се, изјави Дончевска Илиќ.

 

 

За сопственото актерско искуство зборуваше и Анастасија Трајковиќ, која нагласи дека улогата ѝ помогнала да излезе од својата комфорна зона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународен форум во Белград (ФОТО)

– Најголем проблем ми беше како мојот лик се изразува и навистина ми беше предизвик да излезам од мојата комфорт зона… Научив дека некогаш е е страшно, туку правилно да го кажеш своето мислење ко другиот човек, без разлика како другиот човек ќе се чувствува затоа што ние на себе имаме оклопи кои си ги ставаме за да не навредиме некој, изјави таа.

 

 

Освен нив, во претставата играат и Мирослав Петковиќ, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Давид Илиќ и Нина Максимова.

 

Никола Ивановски