Со помош на вештачка интелигенција пронајден е нов вид антибиотик

Сподели со своите пријатели

Со помош на вештачка интелигенција, научниците од Институтот Броуд во Масачусетс испитале и тестирале милиони хемиски соединенија и пронашле нов тип на антибиотик.

Loading...

Овој тип на антибиотик е во состојба да оневозможи два вида бактерии кои станале имуни на постоечките антибиотици, објавува денес научното списание New Science.

Лабораториските тестови покажаа дека новооткриената класа на антибиотици е смртоносна за бактеријата Staphylococcus areus (Staphylococcus aureus), која станала отпорна на антибиотикот Метицилин.

Оваа бактерија е честа причина за заболувања на кожата и ткивата кај луѓето.

Новиот лек ја уништува и бактеријата ентерококус, која престана да реагира на вообичаениот лек, антибиотикот Ванкомицин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Оваа бактерија е одговорна за менингитис, абдоминални инфекции како и инфекции на рани и слични повреди.

„Нашите модели на вештачка интелигенција ни покажуваат не само кои хемиски соединенија можат да имаат антибиотски својства, туку и како и зошто тоа се случува“, вели членот на истражувачкиот тим Феликс Вонг, додавајќи дека на овој начин, за кратко време, може да се пронајде и предвиди делување на цела класа на нови и ефикасни антибиотски лекови.

Тој наведува дека во првата фаза од истражувањето биле тестирани ефектите на 39.000 хемиски соединенија на златен стафилокок и на три типа човечки клетки земени од црниот дроб, мускулите и белите дробови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Информациите за ваквите бројни реакции и помогнале на вештачката интелигенција да разбере и научи се за атомската структура и начинот на реакција на споменатите хемиски соединенија, меѓу кои на крајот од експериментот биле откриени и нови антибиотици.

Патем, отпорноста на антибиотици одамна стана еден од сериозните здравствени проблеми во светот.

Податоците од 2020 година покажуваат дека 6,2 милиони луѓе починале во светот поради неефикасноста на антибиотиците, директно или индиректно.

Светската здравствена организација предвидува дека до средината на овој век, бројот на смртни случаи поради отпорност на антибиотици ќе надмине 10 милиони на глобално ниво.