Со помош на апликација ги наградуваат возачите кои ги почитуваат ограничувањата на брзината

Сподели со своите пријатели

Унгарската полиција започнува апликација која ќе следи дали се почитува ограничувањето на брзината со цел да се наградат оние што возат во определените ограничувања на брзината.

Loading...

Корисниците на апликацијата OBBPoint ќе добијат поени ако редовно возат според правилата, а подоцна ќе можат да ги користат за попусти и подароци во продавници и кај различни даватели на услуги.

Врз основа на координатите на локацијата, софтверот знае кои ограничувања на брзината се однесуваат на дадена рута и редовно ќе се ажурира за да може да ги идентификува периодичните ограничувања.

 

 

Не се смета за прекршок ако некој во моментов ја надмине максималната брзина за краток временски период, на пример да претечете друго возило, под услов возачот да забави до ограничувањето на брзината по завршувањето на маневрот.

Со OBBPoint, бодовите можат да ги соберат не само возрасните, туку и децата што патуваат со автомобил или друг возрасен кој патува покрај возачот.

Loading...

Системот е дизајниран да работи апликацијата на два телефони паралелно во возилото. Децата што ја користат верзијата на апликацијата наменета за нив, можат да изберат различни знаци, а исто така можат да се натпреваруваат едни со други и да ги споредуваат резултатите.

Исто така, програмата предвидува самите возачи да можат да се натпреваруваат – врз основа на бодовите собрани во редовниот сообраќај, играчите ќе добијат титули, а потоа ќе бидат извлечени награди меѓу оние од ист ранг.

 

 

Унгарската полиција посочува дека нема законски пречки за оваа програма за лојалност, како и дека податоците за возачите и возилата нема да се собираат преку OBBPoint, и дека ова не е официјален систем за мерење и контрола на брзината.

Апликацијата, се разбира, може да се вклучи и исклучи во секое време.

Апликацијата OBBPoint ќе биде бесплатна и ќе има верзии на IoS и Android. Лансирањето се очекува во наредните денови, односно во првата половина на август.

Loading...

Дали би учествувале во таква наградна игра и на тој начин ќе и овозможите на полицијата да следи дали го почитувате ограничувањето на брзината преку апликацијата?

 

Leave a Reply