Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја остварија калкулираната и посакувана победа против составот на Фени Индустри од Кавадарци со резултат 71:65 во рамките на 9-то коло од домашната кошаркарска Супер лига.
Loading...
Првата четвртина во лежерен стил, ниту гостите, ниту домаќините немаа поголемо водство. Сино-белите во поголемиот дел од првите 10 минути одржуваа предност пред кавадарчани. Семафорот означи резултат 16:12 што кај избраниците на тренерот Марјан Србиновски ја разбуди мотивацијата за уште подобра игра.
Сепак во вторите десет минути од средбата кошаркарите на тренерот Љупчо Малинков не се предаваа. Полувремето заврши со солидно водство за домаќините со резултат 36:29, а кошаркарите на Фени по кратката пауза ја намалија разликата на четири поени негатива, односно резултат 52:48.
Loading...
Кошаркарите на Куманово сепак одлучија да покажат дека го сакаат плеј-офот од сезоната, па со брилијантна игра во последната четвртина стигнаа до конечен резултат од 71:65. Шесте поени предност, но и поразот кој Работнички му го зададе на Кожув му го обезбеди четвртото место од табелата на куманвоскиот состав со што шансите за пласман во завршниот дел од сезоната стаа пореални.
Има уште едно коло за играње, Фени игра дома со Работнички, само не знам колку и каква ќе биде математиката, сега изигравме добар натпревар, меѓутоа во одбраната бевме одлични, дечките го оставија срцето на паркетот, изигравме максимално во одбрана, видовте нападот не функционираше толку, но победа си е победа, заслужена. Се надевам дека резултатите ќе ни бидат во полза и ќе завршиме во тие најдобри четири – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.
Иако со зацврстена прва позиција, составот на МЗТ е следниот противник на сино-белите. Веќе викендов во Спортската сала во Куманово кошаркарите на Србиновски ќе тргнат во борба со актуелниот шампион.
МЗТ е голем фаворит, денеска имавме доста тежок натпревар, главните играчи гледате колку играа многу, тие во ротација имаат многу повеќе играчи од нас, но знаете дека не се предаваме, ќе се обидеме да го дадеме нашиот максимум колку што може во овој момент, уморот е присутен, неверојаатно многу натпревари, не можам ни да бројам, последните месец дена на секои два-три дена имавме натпревари со слабата ротација, но што е тука е ќе дадеме максимум – додава Србиновски.
Доколку не обезбеди триумф над МЗТ, а Фени Индустри го совлада Работнички тогаш Куманово ќе имаат ефект од три победи и седум порази, но сепак доволни за последниот дел од сезоната и борбата за титулата.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...