Со резултат 77:58 кошаркарите на Куманово остварија победа врз составот на Вардар во рамките на 1. коло од новата кошаркарска сезона во домашниот шампионат која започна денеска.
Првото полувреме Куманово тешко правеше водство врз домаќинот, со оглед дека вардарци покажаа дека нема да се предаваат уште на самиот старт. Поголемо водство избраниците на тренерот Александар Петровиќ направија веќе во првите минути од втората четвртина, кога со седум разлика започнаа да се резултатски да му бегаат на Вардар.
Првото полувреме сепак заврши во полза на Куманово со резултат 34:38.
По паузата кумановци со поголема координација во играта без проблеми, па пет минути пред крајот на натпреварот имаа и двоцифрено водство, за да на крајот мечот заврши со резултат 77:85.
Најефикасен со 20 поени во составот на Куманово беше новиот капитен на тимот Мирко Ковач, а со 17 зад него се најдоа Игор Пенов и Филип Думиќ. Двоцифрен број поени реализираше и Адем Мекиќ.
Во составот на Вардар со 32 поени најефикасен беше Провал.