К.И. (71) од селото Ропаљце вчера останал без својот мобилен телефон откако две засега непознати лица му го одзеле под закани со пиштол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во полициската станица Матејче доцна вчеранавечер откако се случило разбојништвото кое го сториле две маскирани лица, по што веднаш бил направен увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Надлежните преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.