Жените кои пешачат најмалку два часа неделно или се движат со брзо темпо, можат да ја намалат опасноста од мозочен удар во просек од 30 проценти, а истражувањето кое е направено на околу 40 000 жени со старост во просек од 54 години покажало дека оние жени кои се движеле со брзина од 5 километри на час ја намалиле опасноста од мозочниот удар за 37 проценти.
Физичката активност, односно редовното движење е неопходна поради намалување на опасноста од кардиоваскуларните заболувања, како што е мозочниот удар, истакнуваат научниците