Со овој воз во Русија можете да патувате низ осум временски зони (видео)

Сподели со своите пријатели

Транссибирската железниа го поврзува далекуисточниот и европскиот дел на Русија. Пругата е со вкупна должина од околу 10 илјади километри, а патувањето со воз од Москва до Владивосто претставува неверојатно доживување.

Loading...

Авантурист сте и обожавата патување? Доколку вашиот одговор е позитивен, тогаш морате да си го дозволите патувањето со транссибирската железница и да патувате низ Сибир, од Москва до Владивосток, а понатаму се надоврзуваат и Трансмонголската линија за Улан Батор и Трансманџуриската од Пекинг.

Железничката пруга е изградена во период од 1891 до 1916 година и е најдолгата во целиот свет со вкупна должина од скоро 10 илјади километри, поточно 9.288. Пругата вози низ Перм, Јакатерининбург, Омск, Новосибирск, Краснојарск, Иркутс, Чита и Хабаровск, односно низ осум временски зони, а патувањето трае дури седум дена.

Изградбата на пругата започнала во далечната 1891 година. Големото пространство на Русија и нејзините градски центри кои се наоѓаат на двете страни од Сибир требало да се поврзат на начин кој ќе ги ублажи големите просторни одалечености и да овозможи поефикасно функционирање на земјоделскиот, економскиот, воениот, но и приватниот живот.

Далеку од Москва, на брегот на Тихиот Океан, се виори Владивоскот, значајно пристаниште и трговски центар кој денес има околу милион жители, широки булевари и романтични улици. До 1992 година градот бил затворен за странци, а и самите Руси со посебни дозволи можеле да го посетат.

Владивосток на исток и Москва во европскиот дел од Русија се поврзани со Трансибирската железница, која е градена во тешки услови, мез машини и други помошни средства, туку со најпрости алати, ашови, лопати и сл. Со изградбата се започнало од двата краја, од Владивосток кон северозапад и од Москва кон азискиот дел од Русија, преку новоизградениот мост преку Урал.

Како работници биле ангажирани осудениците од островот Сахалин, како и редовни руски војници, за плата 50% поголема од просечната.

Транссибирската железница е дел од поголем комплекс кој го сочинуваат и Трансманџурската (води се до Пекинг), Трансмонголската (преку Монголија и Улан Батор исто така води до Пекинг) и најновата, соградена со бавно темпо дури пет децении е Бајкалскоамурската железница.

Loading...

Со распаѓањето на СССР и отворањето ан Русија кон светот. Транссибирската железница станала своевидна туристичка атракција, како за странците така и за самите Руси.

Самиот воз кој сообраќа на железницата е приказна сама за себе. Можете да патувате со прва, втора или трета класа, во двокреветно, четворокреветно и повеќекреветно купе.

Во првиот слуќај цената е седум пати поголема отколку во последниот, што и не е страшно затоа што се смета за уживање во патуивањето баш со најефтината, трета класа која чини 190 евра за релацијата Москва – Владивосток.

Секако постојат и ексклузивни туристички аранжмани со приватни возови во кои повратните карти се и до неколку илјади евра во зависност од нивото на комфор и луксуз.

Во вагоните се наоѓаат и по два тоалети и вагон ресторан кој не е ефтин, но е познат по својот вагон-бар. Сепак, нема да останете гладни затоа што на секоја станица локалното население нуди домашни специјалитети за минимална сума на пари.