Со огнено оружје се заканувал на сограѓанин во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од кумановско бил приведен под сомнение дека со огнено оружје се заканувал на свој сограѓанин во центарот на градот.

– На 22.09.2025 во 16:30 часот  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско  затоа што  на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје  кон Е.С. (22) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре започнува 28. издание на МТФ „Денови на комедија“

Никола Ивановски