Со одобрение на бугарската Влада купил хеликоптер за „лов“ на мигранти (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

„Ловецот на мигранти“ од Бугарија, Динго Вилев купил хеликоптер со вооружување, за да открива потенцијални џихадисти, за што добил дозвола и од бугарската Влада.

Дваесет и деветгодишниот Динко Вилев стана познат минатата година поради „лов на мигранти“ во Бугарија, а сега купил и хеликоптер за да патролира и бара потенцијални џихадисти, пишува британскиот „Дејли мејл“.

 

Loading...

 

Тој ловец на мигранти, за чија глава Исламската држава ветува награда, стана познат минатата година кога на интернет зпаочна да поставува видео-снимки на кои се гледа како брка мигранти кои во Бугарија влегле преку Турција.

Поранешниот полупрофесионален ‘рвач покажал како ги застрашува мигрантите при лов во шума, заедно со уште неколку колеги.

 

https://www.facebook.com/Dinko.Valev.Yambol/videos/1642631012702486/

 

Во неговиот филм се гледаат и жени и деца кои се приморани да лежат на земја, со рацете врзани на половината.

Ова би го опишал како обична спорска активност. Не можете да опишете спортист како насилник – рекол Вилев.

Сепак тој стана познат кога Владата на Бугарија му даде поддршка и започна да му помага, наведува бритнаскиот медиум, и додава дека е нејасно дали големиот митраљез и механизам за испалување ракети кои се наоѓа на предниот дел на хеликоптерот и натаму се функционални.

Вилев, кој живее во градот Јамбол, во близина на границата со Турција, тврди дека секој бегалец е потенцијален џихадист, а Исламската држава за неговата глава нуди 50 илјади долари.

Магазинот наведува дека пред шест месеци преку социјалните мрежи покажал и целосно нов автомобил „Мерцедес Ѕ калса купе“ и се заблагодарил на оние кои го следат што му овозможиле да го стекне.

Државното обвинителство во Јамбол ги истражува обвиненијата дека Вилев и неговите потикнувале дискриминација против мигрантите, а исто така е побарано и да објасни како одеднаш станал толку богат човек.