Со нож избодени малолетници кои питачеле во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца малолетници биле избодени со остар предмет додека питачеле на улицата „Доне Божинов“ кај автобуската станица во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, за настанот е приведен осомничен кој е германски државјанин.

– На 08.10.2024 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.К.Б.(28) од Сојузна Република Германија затоа што на улица „Доне Божинов“ во Куманово со остар предмет нападнал двајца малолетници додека питачеле, кои се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски