Со нерегистрирано возило, жител на Слупчане превезувал огревно дрво

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од липковско Слупчане бил приведен ноќва откако полицијата го фатила како превезува огревно дрво без документација.

– На 17.12.2025 година во 00.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И. (29) од село Слупчане, затоа што при преглед на товарно моторно возило кое било нерегистрирано управувано од Е.И. биле пронајдени исечени дрва без документација, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан и ограбен во центарот на градот