Со натпреварот Франција – Латвија започна Младинската Олимпијада во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со кошаркарскиот натпревар Франција – Латвија денеска започна Младинската Олимпијада во Куманово (ЕМОФ 2025).

 

 

Натпреварот се одигра во Спортската сала Куманово, додека паралелно во СОУ „Перо Наков“ се играаа женските репрезентации на Германија и Финска.

 

 

Денеска е предвидено да се одиграат осум кошаркарски натпревари, по четири во машка и исто толку во женска конкуренција. Мажите натпреварите ги играат во големата Спортска сала Куманово, додека жените во салата на економското училиште.

 

 

Од 16 часот женската младинска репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со Белгија, додека од 18:15 мажите играат со Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал малолетник на градскиот плоштад

 

 

Влезот за сите е бесплатен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски