Со малолетната ќерка секој ден играат околу шипка (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Британски пар, кој ја научил седумгодишната ќерка да игра околу шипка, рекол дека семејството го обожава овој „спорт“ и дека секој ден вежбаат во дневната соба.
Никол Хетерингтон (29) и нејзиниот сопруг Џим (27) секој ден вежбаат на шипката која ја поставиле во својата дневна соба.
Семејното трио започнало да вежба заедно кон почетокот на годината, кога Фиби изразила дежлба да се испроба во родителското провокативно хоби.
Никол, која со танцот околу шипка започнала да се занимава пред шест години, воодушевена е што својата страст може да ја сподели со целото семејство. Таа тврди дека на овој начин не се сексуализираат децата и дека не е во прашање „спорт како и секој друг“.
Еднаш неделно сите заедно одат на часови, а Никол, која веќе настапувала со сопругот, се надева дека еден ден ќе настапат и како трио.
Никол истакнува дека е неверојатно чувството кога виси наопаку на шипката и со својата тежина ги држи сопругот и ќерката.
– Фасцинантно е колку вашите мускили се силни тогаш, додава таа.
Брачниот пар се надева дека вака ќе покаже дека танцот на шипка не е само женска работа и дека и мажите можат да уживаат во него.