Со лажен идентитет и исправи сакал да ја напушти државата
On:
Сподели со своите пријатели
Вчеравечер во 20.30 часот во Полициската станица за граничен премин Табановце се пријавил да патува Л.П. (25) со бугарска лична карта. При пасошка контрола, кај полициските службеници се јавило сомнение во исправноста на личната карта со која патува лицето, велат од Министерството за внатрешни работи.
Поради тоа била извршена дополнителна контрола и при преглед и претрес кај наведеното лице била пронајдена една косовска лична карта на име Р.А. (25) од Косово, со вистинскиот идентитет на лицето. Во 22.10 часот лицето е предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.