Споменикот на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито во Куманово доцна вчевечер осамна со кукаст крст и навредливи пораки. Токму на денот на некогашниот доживотен југословенски претседател, некој се осмелил да го осквернави неговто дело, токму на плоштадот кој го носи името „Маршал Тито“.
Со своја реакција доцна вечравечер се јави и градоначалникот на Општина Куманово кој го осуди настанот и упати апел надлежните целосно да го расветлат случајот.
– Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија, напиша Димитриевски.
Loading...
Инаку ова не е прво вандалско дело од ваков тип во градот. Впрочем откако скоро сите споменици се исчкртани со спреј, на „Батко Ѓорѓија“ му го украдоа бастунот, во последно време скоро секоја недела несовни граѓани кршат урбана опрема, канделабри, клупи, кошеви.
Досега нема ниту една кривична пријава за сквернавење споменик, за кршење на опремата од јавен интерес. Редно време е полицијата да си ја заврши својата работа.