Со крената глава кошаркарите на Куманово ја завршија сезоната

Сподели со своите пријатели

Со крената глава кошаркарите на Куманово ја зашија сезоната. Задоволни од она што го постигнаа со скромниот ростер и буџет. Во регуларниот дел се пласираа на четвртото место, играа полуфинале во Купот, а влегоа и во четирите најдобри екипи кои се натпреваруваа во плеј офот.

 

Loading...

 

Тимот на тренерот Александар Петровиќ ги загуби сите три полуфинални мечеви, но разочарување немаше кај играчите, се бореа колку што можеа. Составот на Работнички со далеку подобар буџет си купи и далеку подобри играчи и заслужено вчеравечер се пласираше во финалето.

 

 

Она по што Куманово ќе ја памети сезонава е фактот дека успеа прв да му нанесе пораз на тимот од Градски парк и да ја прекин нивната низа од 24 победи. Воедно „сино-белите“ можат да се пофалат дека барем по еднаш ги имаат победено сите 12 клубови во лигата.

 

Loading...

 

Започнаа фуриозно и со настапи во БИБЛ лигата, но промената на локалната власт се одрази на нивниот буџет, па беа принудени спгодбено да ја напуштат Балканската лига и акцентот да го стават на домашните натпреварувања.

 

 

Им заминаа дел од странските имиња, Немања Миљковиќ и Грифин Раме, но пристигнаа Бобан Стајиќ и Адам Мекиќ, млади и квалитетни играчи кои покажаа дека можат да бидат иднината на македонската кошаркарска сцена.

 

Во меѓувреме им замина и еден од поквалитетните кошаркари. Пред почетокот на Суперлигата Димитар Караџовски го промени дресот на Куманово со оној на Работнички. На негово место пристигна Дејан Србиновски.

 

Loading...

Поголема минутажа за разликата од претходната сезона доби и подмладокот на клубот. И таму имаше промени, но до крај останаа Ѓорги Георгиевски и Филип Стојановски и покажаа дека можат да бидат иднината на Куманово.

 

 

 

На тренерското место на почетокот на сезоната беше Игор Михајловски кој од здравствени причини си поднесе оставка, па го замени Александар Петровиќ кој клубот го однесе во елитата.

 

Loading...

Им доцнеше платата, тренираа во зима на минусни температури, играа во сала која протекува, но сепак еа среќни кога публиката е со нив.

Сезоната заврши како што заврши, кој ќе си замине, а кој ќе продолжи да го носи дресот на Куманово ќе знаеме по летните одмори.

 

 

За следната сезона ќе мораат да се „снаоѓаат“ сами, бидејќи локалната власт ќе го крати буџетот за клубот, но активни се преговорите за влез на една голема компанија која ќе биде генерален спонзор на клубот.

Од друга страна во тек е подготовка на документација за реновирање на Спортска сала Куманово, па се очекува подобрување на условите за тренинг и настапи, не само за кошаркарите, туку и за сите други спортски клубови.

 

Leave a Reply