Д.М.(58) од Скопје во текот на вчерашниот ден пријавил дека околу 10,00 часот на улицата “Австралиска” во Скопје, од страна на непознат сторител извршена му била измама при што му биле одземени 6.500 денари.
Како што информираат од Министесртвото за внатрешни работи, сторителот измамата ја извршил на тој начин што додека оштетениот седел во неговиот двор со неговата сопруга, дошол сторителот и му понудил огревни дрва по 2.000 денари од кубик.
Двајцата тргнале кон камионот и сторителот му рекол на Д.М. да причека, истиот се вратил во домот на оштетениот и од сопругата ги одзел парите по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.